Олимписките игри тукушто започнаа, а веќе имаме рекорд!

Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио официјално ќе бидат отворени во петок, но некои спортови започнаа денес. На програмата забележавме и еден рекорд.

Женската фудбалска репрезентација на Холандија ја совлада Замбија со неверојатни 10-3 и така урнат е рекордот по број на постигнати голови на еден натпревар откако овој спорт е дел од ОИ.

За првпат женскиот фудбал се појави на оваа сцена во Атина во 1996 година.

Што се однесува до мечот, Миедема даде четири гола за Холандија, два додаде Мартенс, а по еднаш стрелаа Ван де Санден, Рурд, Беренштајн и Пелова. За Замбија трите гола ги постигна Банда.