Олимпик Марсеј се раздели со Сампаоли, Тудор кандидат да го замени

Сампаоли

Хорхе Сампаоли од денес повеќе не е прв тренер на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј.

Поранешниот аргентински селектор беше дел од тимот една година. Поради различни погледи на идните стратегии на клубот, двете страни одлучија дека е време за разделба.

Клубот од „Велодром“ веќе работи на пронаоѓање нова тренерска опција. Шпекулациите велат дека челниците на екипата запрашале за достапноста на Игор Тудор, кој си замина од Верона на крајот од изминатата сезона.

Олимпик со Сампаоли заврши на второто место на првенствената табела, зад неприкосновениот ПСЖ.