Олимпик Марсеј против Монако брка кам-бек на второто место

Моќниот Пари Сен Жермен оваа сезона нема конкуренција во Лига 1, додека за сите места во Европа се води голема борба. Марсеј моментално е најблизок следбеник на „светците“, но тимот од „Велодром“ не може да се пофали со добра форма. Има само еден бод во претходните две кола, а тимот на аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли во овој шампионат подобро игра на гости отколку на својот стадион, дома има само пет победи на 13 натпревари, а како гостин дури осум триумфи.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Монако

Прилика да се зацврсти на втората позиција некогашниот шампион на стариот континент ќе има во дербито на 27. коло од Лига 1 со Монако. Ниту кај „кнезовите“ не цветаат рози во последно време. По смената на хрватскиот тренер Нико Ковач екипата од Монте Карло се разбуди со новиот стратег, Белгиецот Филип Клемон. Сепак, следеше нова криза на Монако (само два бода во претходните три кола) и така тимот се оддалечи од борбата за Европа. Но, петтопласираниот Стразбур бега само четири бода, па „кнезовите“ имаат солидни шанси да дојдат до некое од натпреварувањата на меѓународна сцена и да ја спасат сезоната.

Квоти за останатите натпревари во Лига 1

Сите работи во играта на Марсеј се вртат околу Димитри Паје, некогашниот репрезентативец на Франција, а минатиот месец распукан беше и Полјакот Аркадиуш Милик, додека Монако го има најдобриот стрелец во Лига 1. Се работи за Висам Бен Једер, кој постигна петнаесет гола, еден повеќе од Килијан Мбапе од ПСЖ.

Двата тима бараат излез од проблемите. Во првиот дел од шампионатот, Марсеј славеше во Монте Карло со 2-0 со погодоците на Сенегалецот Бамба Дијенг, а кога играат овие тимови има доста голови.