Олимпик Марсеј гостува кај тимот кој 12 натпревари не знае за пораз

Дербито од 32. коло во Лига 1, дуел на некогашните француски шампиони Монпелје и Марсеј, в сабота (21:00), би можел да го одреди патникот во Европа. Двата тима се борат со Ленс и Рен за позицијата број пет. Лил, Пари Сен Жермен, Монако и Лион се недостижни на првите четири места. Домаќинот е на местото кое се очекуваше пред почетокот на сезоната, во горниот дел од табелата, додека Марсеј разочара во овој шампионат.

Смената на Андре Виљас-Боаш на кормилото на тимот од „Велодром“ и доаѓањето на аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли го потресе поранешниот шампион на Европа. Некогашниот селектор на Чиле и Аргентина, поранешниот стратег на Севиља и бразилски Атлетико Минеиро, од каде пристигна во Марсеј, има три победи на четири меча на клупата на минатогодишниот второпласиран тим во шампионатот на Франција. Единствениот пораз го забележа на дуелот со Ница во гости (0-3).

Сите квоти за натпреварот Монпелје - Олимпик Марсеј

Монпелје имаше криза на почетокот на годината, но во последно време се стабилизира. Без пораз е повеќе од два месеци, дури од 31 јануари. По поразот од Ленс на домашен терен (1-2), тимот од југот на Франција одигра девет меча без пораз во Лига 1, од кои има четири победи.

Првиот стрелец на Монпелје со 12 гола е Алжирецот Анди Далорт. Марсеј има во своите редови одлични индивидуалци. Со осум погодоци се истакнува Флоран Тован. Тука е и поранешниот француски репрезентативец Димитри Паје. Проблемот со неефикасноста на аргентинскиот напаѓач Диего Бенедето во првиот дел од сезоната се обидува да го надомести Полјакот Аркадиуш Милик, зимското засилување од Наполи.

Квоти за останатите натпревари од Лига 1

Во првиот дел од шампионатот Марсеј го победи Монпелје со 3-1, а првиот гол на мечот беше дело на српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ, кој од јануари игра на позјмица од Херта од Берлин. Тимот од „Велодром“ не е поразен на последните три средби против Монпелје, додека домаќинот на стадионот „Мосон“ има два триумфи и реми против вицешампионот на Франција. На четири од шест последни мечеви на овие два тима доаѓаше типот 0-2 гола. Очекувајте неизвесен меч, а мала предност му даваме на Монпелје.