Олимпик Марсеј го повлече дресот на легендарниот француски голман

Управата на Олимпик Марсеј одлучи да искаже голема почит и го повлече дресот со број 30 на голманот Стив Манданда. Чуварот на мрежата го носеше овој дрес во два мандата, од 2007 до 2016 и од 2017 до 2022 година, пред да се пресели во Рен, каде што ја заврши кариерата ова лето.

Тој помина вкупно 13 години со Марсеј, а во текот на кариерата забележа повеќе од 650 настапи во сите натпреварувања. 

Најголемиот успех во неговата кариера дојде во сезоната 2009/10, кога ја освои Лига 1 и беше дел од француската репрезентација која го достигна врвот на светот во 2018 година.

Покрај гореспоменатите клубови, тој бранеше и за Авр и Кристал Палас, а голот на „триколорите“ го бранеше 35 пати во периодот помеѓу 2008 и 2022 година.