• Зоран Мишевски
Новата година почна перфектно за Роберто де Зерби и Олимпик Марсеј. Лесна и рутинска победа на тимот од Азурниот брег на „Велодром“, во натпреварот од 16. коло од Лига 1. Олимпик Марсеј го совлада Авр со 5-1 (3-0) и најави подобри денови за армијата на фанови.
Поранешниот европски првак поведе во 25. минута, кога Ронџи од далечина погоди за 1-0. Во 39. минута веќе беше 2-0, откако Надир конечно погоди од многу тешка позиција и топката од стативата влезе во голот. До крајот на полувремето победникот беше решен. Муриљо се проби по десната страна, упати одличен центаршут, Мерлан врати со глава за Мопај, кој погоди за високи 3-0. Во вториот дел Олимпик Марсеј успева да постигне уште два гола, преку Вахи и Гарсија. Гостите го намаија резултатот преку Ају во 85. минута.
Попладнево Стразбур го совлада Оксер со 3-1, Анжер беше подобар од Брест со 2-0, а Тулуз во изненади Ленс и славеше со 0-1.