Олимпик Марсеј доби казна од УЕФА поради кршење на ФФП

Францускиот фудбалски гигант, Олимпик Марсеј доби санкција од страна на УЕФА поради кршење на финансискиот фер плеј. 

Ваквата одлука на Европската куќа на фудбалот е поради кршење на правилата и договорите, прекршок кој тимот од „Велодром“ го направил во јуни 2019 година.

Казната за Марсеј ќе биде парична и ќе мора да исплатат три милиони евра, но ќе им бидат скратени примањата и од евро-купови во наредните две години за 15 проценти.

Исто така, ќе им биде ограничен и бројот на играчи кои ќе можат да ги пријават за настап во Лигата на шампионите и Лига Европа за следните три години, кога ќе смеат да наведат по 23 фудбалери.