Олимпијакос во дербито на „Тумба“ ја заверува титулата во Грција

Во последните години најголемото ривалство во фудбалот е она меѓу Олимпијакос и ПАОК. Црвено-белите, додуша, се подобри на теренот, блиску се да ја освојат третата по ред, а вкупно 47-ма титула во историјата. Притоа, можат да ја заверат на најсладок можен начин, на „Тумба“, домот на ПАОК. Ако во среда од 18 часот гостите победат во Солун, ќе побегнат во однос на второпласираната екипа на +16.

На Олимпијакос и бод му е доволен да ја завери десеттата титула во последните 12 години. По овој заостанат натпревар, двете екипи имаат да одиграат уште по четири меча, а ако разликата меѓу нив остане 13 бода, црвено-белите и математички ќе бидат недостижни. Иако дури и евентуална победа на ПАОК нема да донесе никаква голема драма во финишот од сезоната.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Олимпијакос и ПАОК

Играчите на ПАОК како веќе да се предадоа, затоа што не победија во последните три кола. По поразот од Панатинаикос (2-1) следеше уште еден од Арис (1-0), па тимот одигра нерешено со АЕК (1-1). И Олимпијакос беше во мала криза, врза три меча без триумф (два ремија и пораз) пред да слави против ПАС Јањина (3-2).

ПАОК и Олимпијакос играа двапати во април, во полуфиналето од Купот на Грција. Во Солун беше 0-0, немаше голови и во реваншот во текот на регуларните 90 минути, а црно-белите минаа понатаму по продолженија. Атињаните поведоа први во мечот со голот на Јусуф Ел Араби од пенал, ама голот на хрватскиот интернационалец Антонио Чолак го одведе ПАОК понатаму. Поради гол постигнат на гости. Инаку и нивниот претходен дуел во првенството заврши без победник – 1-1.