Олимпијакос тоне, цената ја плати тренерот Карлос Корберан

Иако ги доведе Марсело и Хамес Родригез, грчкиот шампион Олимпијакос влезе во серија на порази. Претседателот Маринакис мораше да пресече и се одлучи за тренерска смена по само два месеци од новата сезона. 

Олимпијакос синоќа му врачи отказ на тренерот Карлос Корберан. Овој млад стручњак ја презеде функцијата на први август и по неполни два месеци веќе заминува. Под негово водство тимот од Пиреја одигра единаесет натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа четири победи, четири пати ремизираше и претрпе три порази.

Вчера попладне Олимпијакос загуби од Арис во натпреварот од грчкото првенство со 2-1 и на состанокот оо враќањето од Солун клубот се одлучи за тренерска смена. 

Олимпијакос моментално е на шестото место во грчкиот шампионат со осум бодови.