• Иван Димовски
Фудбалерите на Олимпијакос загубија во градското дерби со АЕК (3-1), во натпревар со кој веројатно ги загубија шансите за титулата. Лутиот ривал сега побегна на девет бода предност на врвот на табелата, а таму е и Панатинаикос, па Олимпијакос отпаѓа од комбинација.
По поразот, голема група на домашни навивачи видно лута за настаните на теренот се симна на теренот. Тие се обидоа да стигнат до клупите за резерви или судиите, фрлаа тврди предмети, пиротехнички средства и столчиња, а влегоа во судир и со полицијата.
WATCH
Olympiakos fans storm the pitch targeting rockets and flares towards the bench area!
The whole footballing world should see this disgrace pic.twitter.com/yPYR52LMBG
— AEK Insider (@AEKINSIDER) April 23, 2023
За среќа полициските службеници бргу го разбија хаосот, искористија солзавци и ги натераа навивачите да се повлечат пред да дојде до голем инцидент и напад на службените лица или пак гостинските фудбалери.