• Горан Упале
Фудбалскиот клуб Олимпијакос го раскина договорот со бразилскиот офанзивец Вилијан, соопшти грчкиот клуб на своите социјални мрежи.
36-годишниот Бразилец во Олимпијакос пристигна на почетокот на септември, а оваа сезона одигра само 11 натпревари за грчкиот клуб во сите натпреварувања.
Своевремено тој беше еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, особено во времето кога ги носеше дресовите на Челзи и Арсенал. Покрај лондонските гиганти настапуваше и за Фулам во Англија, како и за Коринтијанс, Анжи и Шахтјор. Вилијан одигра 70 натпревари за бразилската репрезентација од 2011 до 2019 година и постигна девет гола.
Во Олимпијакос решија да отпуштат неколку играчи за да можат да доведат адекватни засилувања во зимскиот преоден рок.



