• Иван Димовски
Екипата на Олимпијакос се пласираше во финалето на Купот во Грција, откако славеше триумф над ривалот ПАОК со 2-0. Иако загубија на првата средба со 3-2, денес во Пиреја со два погодоци на Масурас и Камара закажаа финале против АЕК.
Во првиот дел се играше изедначен фудбал, а домаќинот беше за нијанса поконкретен. Сепак, нападите беа безуспешни и одбраната на ПАО одолеваше на налетите.
Отпорот по паузата го скрши Георгиос Масурас, кој се најде на вистинското место по центаршутот на Семедо и ја смести топката во мрежата за 1-0 во 65. минута.
Триумфот и пласманот во финалето ги потврди Меди Камара кој одлично се снајде по грешката на одбраната, сам си направи простор и стрелаше за удвојување на предноста во 85. минута. Во финишот тензијата беше на високо ниво и судијата подели два црвени картони во редовите на ПАОК.
- Извештај од натпреварот:
Претходно во финалето се пласираше АЕК, кој ремизираше кај Арис (2-2) што им беше доволно бидејќи дома победија со 2-1.




