ВИДЕО: Оле загрижен како никогаш досега, Јунајтед пак нагази на мината на „волците“!

Екипата на Вулверхемтон уште еднаш потврди дека е „нагазна мина“ за големите фаворити во Премиер лигата и повторно го фрли на колена Манчестер Јунајтед. По херојскиот триумф во четвртфиналето на ФА Купот пред две седмици, вечерва „волците“ пак го надиграа англискиот гигант и му нанесоа тежок пораз кој го оддалечува од борбата за местата кои идната сезона водат во Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Ѓаволите“ доста мотивирано го започнаа мечот и Ромело Лукаку уште во 5. минута пропушти колосална шанса за отворање на резултатот, откако неговиот удар со глава заврши во рацете на добро поставениот Руи Патрисио. 

Сепак, иницијативата на Јунајтед донесе отворање на резултатот по само 13. минути игра, откако Скот Мектоминај со прекрасен удар по земја го надмудри искусниот португалски голман и донесе радост за своите фанови (0-1). 

И повратникот во првиот тим Џеси Лингард идентично како Лукаку со глава не успеа да реализира од пет метри, по што следуваше казната на другата страна. Раул Хименез одлично го проигра Диого Јота, кој итро избегна офсајд ситуација и рутински го совлада Де Хеа за 1-1 на полувреме. 

На старот на вториот дел следуваше нов шок за „ѓаволите“, откако капитенот Ешли Јанг ги остави на цедило своите соиграчи и со нов груб старт заработи исклучување. Но, и покрај играчката негатива, фудбалерите на Солсјкер не отстапија од офанзивниот пристап и Лукаку и Далот пропуштија големи шанси за ново водство. На спротивната страна пристигна нова казна за промашувањата и Смолинг во 77. минута со несреќен автогол ги постави конечните 2-1. 

Вечерва, во Премиер лигата се одигра уште еден натпревар на кој сигурна победа од 4-1 извојуваа фудбалерите на Вотфорд над веќе отпишаниот Фулам. Стрелци на головите за малиот тим од Лондон беа Абдулаје Дукуре, Вил Хјус, Трој Дини и Кико, додека за Фулам погоди зимското засилување Рајан Бабел. 

  • Извештај од натпреварот: