Оле за голот на Јунајтед: Прекршок? Па, не играме кошарка!

Оле Гунар Солскјер, стратегот на Манчестер Јунајтед, за малку не направи изненадување и првпат не го совлада Ливерпул оваа сезона (1-1). По ремито на „Олд Трафорд“, Норвежанецот го коментираше погодокот на неговиот тим, за кој се тврдеше дека претходел фаул.

„Нема шанси, тоа не беше прекршок. Па, не играме кошарка за да се суди таков прекршок. Имаше мал контакт, но не доволен за прекршок. Тоа е сосема јасно и кога ќе се прегледаат снимките јасно се гледа. Мислам дека немаше прекршок и дека судијата Еткинсон беше максимално коректен за овој меч. Заслужува пофалби за арбитражата. Остави дебито да биде вистинско дерби“, изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед е во резултатска криза и веќе четири кола не знае за победа.