Оле во Свонси го пронајде првото летно засилување на Јунајтед 

Без многу кревање прашина и на експресен начин англискиот гигант Манчестер Јунајтед го договори своето прво летно засилување. 

Од следната сезона нов член на „ѓаволите“ ќе биде Даниел Џејмс, 21-годишен офанзивец, кој доаѓа од редовите на велшки Свонси. Наводно, младиот англиски фудбалер подолго време бил следен од скаути на Јунајтед. А, откако Оле Гунер Солскјер се реши да го доведе, раководството на тимот ја исплати откупната клаузула од 15 милиони евра и го обезбеди потписот на Џејмс. 

Талентираното крило оваа сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Свонси во Чемпионшип. Постигна четири гола, а се истакна со дури девет асистенции.