Оле по петте стативи на Брајтон: Среќа што Мурињо не беше тука да ги измери головите

Манчестер Јунајтед попладнево имаше многу среќа на отворањето на третото коло од Премиер лигата. Како гостин, стигна до победа над Брајтон, во дуел во кој домашните фудбалери дури пет пати ја погодија рамката од голот на Давид Де Хеа.

Овој податок Оле Гунер Солскјер го искористи да се пошегува со својот претходник на клупата на Јунајтед, Жозе Мурињо. По натпреварот на „Амекс“, Норвежанецот рече дека е среќен што го немал „специјалниот“ за противник за да ги измери димензиите на головите.

„Имавме среќа што Жозе Мурињо не беше тука и да ги измери головите. Морам да признаам дека се извлековме на овој дуел. Трите бода не ги заслуживме, можеби најреално ќе беше реми. Но, нашиот карактер заслужи победа.

Лани ваквите натпревари завршуваа со бод, па затоа среќен сум што конечно се подобривме во тој сегмент. Нè чека уште многу работа, затоа што во овој момент не играме како што сакаме“, рече Оле.

Инаку, Мурињо пред два дена беше во центарот на фудбалската јавност, откако откри дека головите на арената „Тодор Проески“ во Скопје се пет сантиметри пониски и побара истите да се променат. 

<<< ПОВРЗАНО - Жозе ги промени головите во Скопје, биле пет сантиметри помали!