Оле: План за Меси? Ќе бидеме среќни ако врне на „Олд Трафорд“!

По херојскиот подвиг против ПСЖ, фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пред нов предизвик во Лигата на шампионите и четвртфинален дуел со екипата на Барселона. 

Од таборот на англискиот гигант се свесни дека против Каталонците ќе биде многу тешко, а менаџерот Оле Гунер Солскјер напомена дека Барса не е само Меси, туку во своите редови има уште неколку играчи од светска класа. 

„План како да се сопре Меси? Да бидам искрен, мислам дека залудно ќе трошиме време за такво нешто. Тој може да биде запрен само со максимална ангажираност на целиот тим. Она што го барам од фудбалерите е да го оддалечат од нашиот казнен простор. Сезонава игравме против големи великани, ги минавме Роналдо, Мбапе, Азар, па сега дојде редот и на Меси. Не е спортски да зборуваме само за Меси, бидејќи Барса има уште неколку играчи од светска класа. Она што ме радува е временската прогноза. Се очекува дожд, па ако се случи тоа сигурно ќе ни биде од корист“, вели Оле. 

Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона е закажан за утре од 21:00 часот, додека реваншот во Катaлонија е за една седмица.