Оле не сака да слушне за продажба: Јунајтед ја одби Барса за Линделоф

Манчестер Јунајтед не сака да слушне за заминување на својот столб во одбраната Виктор Линделоф и експресно ја одби понудата од Барселона за услугите на шведскиот дефанзивец. 

Шпанскиот шампион е во потрага по квалитетно решение за одбранбената линија, но и вториот обид му беше неуспешен, откако претходно ја загуби трката за младиот холандски ас, Матјис Де Лихт. 

Наводно, Барселона понудила 50 милиони евра за Линделоф, но веднаш стигна одговорот од Оле Гунер Солскјер, кој беше негативен. 

Швеѓанецот во редовите на тимот од „Олд Трафорд“ се пресели пред две сезони од Бенфика за сума од 35 милиони евра.