Оле најави поофанзивен Јунајтед: Ван Де Бек ќе ја добие вистинската шанса?

Најтрофејниот англиски клуб веќе започна да ги крои плановите за новата сезона во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а според најавите на „ЕСПН“, Оле Гунер Солскјер е подготвен за големи промени во својата филозофија.

Тимот веќе се засили со Џејдон Санчо, па така Јунајтед по подолго време ќе има класичен десен бек во составот, а наводно Оле е подготвен да му даде многу поголема минутажа на холандскиот офанзивец Дони Ван Де Бек, кој минатата сезона ја преседе на клупата за резерви.

„Солскјер им порачал на играчите кои се враќаат на подготовките дека сака да спроведе поофанзивна формација „4-3-3“ за следната сезона, а тоа значи крај на партнерството во средниот ред на Фред и Мектоминеј. Солскјер се надева дека во оваа формација одлично се се вклопат Пол Погба или Дони ван де Бек заедно со Бруно Фернандеш“, вели Роб Доусон.

Последните најави од Островот велат дека Јунајтед нема да застане само со трансферот на Санчо, туку веќе преговара со Варан од Реал Мадрид и Трипие од Атлетико Мадрид.