ВИДЕО: Oле му пресуди на Мурињо, Фенер ја губи трката за титулата во Турција

Галатасарај е на прагот на нова титула во турското првенство, откако Фенербахче попладнево беше поразен од Бешикташ со 0-1 (0-1) во дербито на 34. коло, па шампионот сега има предност од осум бода, на четири кола пред крајот.

Желсон Фернандез беше херојот на Бешикташ на дербито. Тој промаши пенал во 36. минута, но осум минути подоцна постигна гол за триумф на „црно-белите“ на стадионот „Шукру Саракоглу“. 

  • Извештај од натпреварот:

Така во дуелот на некогашните менаџери на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер му пресуди на големиот Жозе Мурињо, кој најверојатно нема да успее успешно да ја заврши и мисијата во домашниот шампионат, по елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите и во елиминационалата фаза на Лига Европа.

ФОТО/ PHOTO: Besiktas