Оле: Можеше да биде 8-6 за Рома, но за среќа го имаме еден од најдобрите голмани на светот

Манчестер Јунајтед не дозволи сензација во Рим и, иако загуби од Рома со 3-2, слави ново финале во Лига Европа, благодарение на убедливата победа на свој терен од 6-2.

Оле Гунер Солскјер, предводникот на „црвените ѓаволи“, не го криеше задоволството што неговиот тим ќе го игра натпреварот за титулаta, но призна дека е разочаран од поразот на „Олимпико“.

„Чувството е одлично да се биде во финале. Одигравме едно добро полувреме на „Олд Трафорд“ и тоа нè однесе понатаму. Разочаран сум што зaгубивме, особено што игравме одлично во второто полувреме.

Многу лесно можеше да биде 8-6 за Рома. Беше тоа чуден натпревар, ние постојано грешевме, но за среќа имаме еден од најдобрите голмани во светот. Во финалето сме и сите едвај чекаме да дојде 26 мај", вели Солскјер.

Во завршниот натпревар на Лигата на Европа, кој ќе се одигра во Гдањск, противник на Манчестер Јунајтед ќе биде Виљареал, кој во полуфиналето го елиминира Арсенал.