Оле ја призна грешката: Одлуката беше моја, можеби избрзав со Мегвајер

Манчестер Јунајтед одново ги разочара своите фанови и пак не победи во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ имаа водство од 0-1, а потоа и 2-2, но Лестер одигра моќно во финишот и со два гола извојува убедлива победа од 4-2.

По натпреварот менаџерот Оле Гунар Солскјер призна дека направил грешка што во првиот тим го ставил Хари Мегвајер. Капитенот поради повреда три седмици беше надвор од терените, а за многумина токму тој беше најголемиот виновник за катастрофалната одбрана на Јунајтед на „Кинг Пауер“.

„Моја одлука беше Хари да игра. Изгледаше подготвено, тренираше добро, не чувствуваше болка. Тој е многу важен играч за нас, капитен на тимот, лидер... Нашата цел беше да го вратиме до тимот што е можно поскоро. Можеби за почеток требаше да одигра само едно полувреме“, рече Оле.

На Мегвајер му фалеше да добие уште црвен картон за да ја добие најниската можна оценка, а вака „Squawka“ му даде оценка два од десет. 

Состави

Brendan Rodgers

3-4-1-2

    Мајкл Керик

    4-2-3-1