Оле Гунар Солскјер кандидат за селекторско столче на „островот“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е кандидат за селекторското столче на Република Ирска. 

Норвешкиот стратег кој од 2021 година е без ангажман откако замина од Јунајтед, може набргу да се врати на тренерската работа. Од селекторската позиција на Ирците замина Стивен Кени, а сега сојузот е во потрага по ново решение. Според островјаните, Солскјер е прво име како потенцијална замена за Кени. 

Во игра освен поранешниот фудбалер и тренер на Јунајтед се и Стив Брус, Џон О'Шеј, Рој Кин, Ентони Бери и Густав Појет.