Оле: Бевме подобри, разочаран сум и од резултатот и од играта на одредени фудбалери

Манчестер Јунајтед и по големото дерби со Ливерпул останува на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата, затоа што на дербито на „Енфилд“ се избори за заслужен бод, со резултат 0-0.

Оле Гунер Солскјер, и покрај ремито, истакна дека е разочаран од конечниот резултат, но и од одиграната партија на одредени првотимци. 

„Овој резултат е добар само во случај ако победиме на следниот натпревар. Игравме против многу квалитетен противник, но пропуштивме многу шанси за гол. Разочарам сум, но бодот би бил добредојден само ако славиме на следниот натпревар. Во финишот од натпреварот бевме одлични, иако не отворивме како што посакувавме. Освен од резултатот, разочаран сум и од перформансите на одредени фудбалери, бидејќи знам дека тие можам многу повеќе“, рече норвешкиот стратег. 

Следен предизвик на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата е тимот на Фулам, натпревар кој на програмата е на в среда со почеток од 20:15 часот.