ВИДЕО: „Олд Трафорд“ на нозе, спектакуларен гол на Бруно од слободен удар против Арсенал!

Манчестер Јунајтед со предност од 1-0 замина на полувреме на дербито со Арсенал на „Олд Трафорд“.

„Топџиите“ имаа повеќе шанси, но домаќините се радуваа на почетно водство, а „виновникот“ за тоа е капитенот Бруно Фернандез. Португалскиот ас во самиот финиш од полувремето погоди во свој стил – со мајсторски слободен удар.

  • Голот на Бруно против Арсенал:

За искусниот капитен на Манчестер Јунајтед ова беше седми погодок оваа сезона во Премиер лигата, а има и исто толку асистенции.