• Иван Димовски

Шкотите малку буквално го сфатија она „работи на почетокот од годината она што сакаш да го правиш во текот на целата година“.
Се надеваат дека 2026 ќе им биде фудбалски спектакуларна, па затоа за првото коло во новата година го закажаа најголемиот можен спектакл, „Олд Фирм“. Пресметката меѓу Селтик и Глазгов Ренџерс ќе се одигра на 3 јануари од 13:30 часот и со неа ќе биде отворено 21 коло.
Нема дилема дека Шкотите имаат на што да се радуваат. Нивната репрезентација избори пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде што ќе биде во силна група со Бразил, Мароко и Хаити. Покрај тоа, и Селтик и Ренџерс во втората половина од јануари ќе настапуваат во Лига Европа, во која Келтите сѐ уште имаат добра шанса да се најдат во нокаут фазата, бидејќи моментно се 24 на табелата со 7 бодови.
Ренџерс на Бојан Миовски преостанатите две кола во Лига Европа ќе ги игра за чест, бидејќи има само еден бод и нема никакви шанси за пласман во нокаут фазата. Генерално, Полицајците играат навистина слаба сезона и во првенството немаат ни 50 проценти победи.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Селтик и Ренџерс
Единственото позитивно е што во 90 минути не загубија од Селтик на последните шест меѓусебни дуели. Да, двапати беа поразени во Лига купот по продолженија, односно пенали, но ако се гледа првенството, последниот пораз Ренџерс во „Олд Фирм“ го доживеа уште во септември 2024 година. Минатата сезона двапати победи, додека последните две дербија завршија нерешено, 1-1 и 0-0.
Последната пресметка на двата великани од Глазгов ја гледавме на 2 ноември, во полуфиналето од Лига купот. Полицајците имаа играч помалку по исклучувањето на Тел Осгорд во 38 минута, но и покрај тоа изборија продолженија. Во нив Келтите веќе ја искористија помалата потрошувачка и со головите на Калум Мекгрегор и Калум Османд стигнаа до победа. Не и до трофејот, бидејќи во средината на декември во финалето ги шокира Сент Мирен.




