• Сашо Поповски


Битката за Глазгов, популарниот „Олд Фирм“ секогаш е повеќе од игра. Тоа не е само судир на двата најуспешни шкотски клубови кои заедно имаат 106 титули (Ренџерс 55, а Селтик 51), туку нивното ривалство е длабоко всадено во културата на оваа држава. Фановите на овие два клуба делат различни политички и верски погледи.
Нова „војна“ на теренот ќе се одигра на „Ајброкс“ в недела (16:00) во осминафиналето на Купот на Шкотска. Мечот е поместен за ден подоцна поради погребот на принцот Филип, за да се избегнат пресметки на лутите ривали.
Сите квоти на MOZZART за натпреварите од шкотскиот ФА Куп >>>
Оваа сезона мина во тотална доминација на Ренџерс, кој во Премиер лигата го сопре деветгодишното владение на „зелено-белите“. Стивен Џерард за кратко време направи машинерија која меле сè во Шкотска. Дури 20 бодови повеќе во првенството зборуваат за супериорноста на Ренџерс кој нема пораз (29 победи и пет ремија). Титулата е вратена во синиот дел од престолнината на Шкотска, но се сака и двојна круна, прва по 12 години. Патот до неа води преку најголемиот ривал. Тоа ќе биде четврто одмерување на силите на двата великани оваа сезона. Во претходните три во Премиер лигата, Ренџерс има две победи (2-0 и 1-0), додека последниот дуел на „Селтик Парк“ заврши со 1-1. Домаќинот сака фантастичната сезона да ја круниса со двојната круна, а Селтик со трофеј колку-толку да го ублажи впечатокот. Кормилото пред нешто помалку од два месеци го напушти Нил Ленон, а привремено го прифати Џон Кенеди, додека од јуни треба Еди Хау да седне на клупата на „келтите“.
Сите квоти на MOZZART за дуелот Ренџерс - Селтик >>>
Селтик најголема надеж положува во првиот стрелец на елитната лига на Шкотска, младиот француски репрезентативец Едсон Едуар, кој постигна 16 погодоци. Првата ѕвезда на четата на Стиви Џи е Колумбиецот, Алфредо Морелос. Тој со 11 погодоци е на делба на третото место во Премиер лигата на Шкотска со соиграчот Џејмсон Таверниер. За Ренџерс ова е најважниот меч до крајот на сезоната, по елиминацијата од Лигата на Европа од прашка Славија. Победа против лутиот ривал би ги отворила вратите кон 34 трофеј во ова натпреварување, прв по 2009 година.
Нема многу голови на дуелите на овие два тима во последно време. Од седум претходни мечеви, само еднаш беше 3+. Црвените картони се затоа чести, ако зоврие крвта во дуелите на двата клуба. На четири од последните шест средби имаше исклучувања.