Олаосебикјан од Вардар оди на позајмица во Арсими

Екипата на Арсими договори уште едно засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое доаѓа од редовите на Вардар.

Ибрахим Олаосебикјан, 26-годишниот фудбалер кој настапуваше за црвено-црните, доаѓа во тимот од Чегране како позајмен играч. Се работи за офанзивен играч за врска кој има 55 настапи во Првата македонска фудбалска лига, со шест гола и пет асистенции.

Покрај за Вардар, Олаосебикјан играше и за екипата на Брера Струмица во Македонија, а претходно беше дел од литванските Судува и Хегелман, како и нигерискиот Реал Сафир.

За играчот претходно постоеше интерес и од тимот на Скопје кој е нов прволигаш.