• Иван Димовски
Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во финалето на Купот на Србија, откако со 2-0 го совладаа лутиот ривал Партизан. Средбата на популарната „Маракана“ беше решена со два погодоци за само три минути, а потоа „црвено-белите“ рутински ја завршија задачата во вечното дерби.
- Извештај од натпреварот:
Првата закана во дуелот ја имаше Јунг Јун Гох, чиј удар го одбрани голманот Глазер. Течеше 27. минута кога Петер Олаинка го отвори резултатот. Нигерискиот напаѓач доби топка од Хванг, а од втор обид го матира противничкиот чувар на мрежата за 1-0. Само три подоцна одново Олаинка се радува на гол. Мијаиловиќ го забележа осамениот Нигериец на втората статива, му нафрли, а овој рутински стрела за удвојување на позитивата (2-0).
Партизан во продолжението од средбата повеќе ја имаше топката, меѓутоа не успеа да креира премногу шанси со кои ќе ја загрози предноста на ривалот. „Црвено-белите“ го одбранија водството и не му оставија шанса на противникот да се надева на кам-бек.
Во мечот за трофејот во Купот екипата на Црвена Звезда ќе се судри со Војводина на 22 мај.