Октај Ракипи е најновото засилување за амбициозниот Тиквеш

Македонскиот прволигаш Тиквеш донесе уште едно засилување за новата сезона, а тоа е Октај Ракипи, кој доаѓа од словенечкиот клуб, Јесенице. 

Кавадарчани го најавија Ракипи како технички поткован играч, од кого се очекуваат добри партии во текот на сезоната. 

Јакипи ќе ја збогати ротацијата во средниот ред на тренерот Оливер Богатинов. Во минатото го носеше дресот на Беса 1976, Борец од Велес и тетовска Шкендија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.