ВИДЕО: Оксер приреди изненадување, убедливо го совлада Марсеј

Фудбалерите на Оксер приредија изненадување во француската Лига 1 и го совладаа Олимпик Марсеј со 3-0 (1-0) во 23. коло. 

Поведе домаќинот преку Гаетан Перин во 34. минута, а имаа и поништен гол во финишот на полувремето. Во вториот дел и гостинската екипа имаше гол кој не важеше преку Амин Гури, па Дерек Корнелиус доби втора јавна опомена и беше исклучен.

Оксер го искористи тоа во завршницата и со двата гола на Јубал Џуниор стигнаа до убедлив триумф над четата на Роберто Де Зерби.

Претходно во Лига 1 ефикасно реми одиграа Сент Етјен и Анжер (3-3), а Лил со двата гола на Харалдсон го доби дербито со Монако (2-1).