• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Елче одиграа реми на домашен терен против Реал Сосиедад, завршувајќи го натпреварот од 12. коло на шпанската Примера со резултат 1-1.
По релативно мирно прво полувреме, Елче поведе во 57. минута. Алваро Родригес одлично реагираше во срцето на казнениот простор и со прецизен удар ја смести топката во мрежата на Ремир, што донесе оптимизам за домашниот тим.
Сепак, радоста на Елче заврши пред крајот. Во 89. минута, Микел Ојарзабал реализира пенал и обезбеди вреден бод за гостите од Сан Себастијан, кои успеаја да извлечат реми од тешкото гостување во Аликанте.
Со овој резултат, Елче е на деветтата позиција на табелата со 15 бодови, додека Реал Сосиедад е 14-ти со два бода помалку.









