• Горан Упале

По завршувањето на сезоната во ВМФЛ пристигнаа првите промени во редовите на ГФК Охрид - Александар Толески престанува да ја врши функцијата тренер на првиот тим.
„На Толески му се заблагодаруваме на чесниот и достоинствен однос кон боите на клубот. Максимално учествуваше во давањето поддршка на младите играчи од нашиот град, што крајно е наша врвна цел, а ние како управа ги донесовме во клубот, можеби резултатите не беа на наше очекувано ниво.
Ние како клуб сакаме да воведеме нова енергија во тимот, а тоа се прави со промени за воведување позитивна атмосфера. Аце сигурно во иднина ќе има шанса пак да ја води екипата, затоа што како човек и тренер го заслужува тоа! Аце, ти посакуваме многу успех и среќа понатака“, стои во објавата на клубот од Охрид.
Охрид сезоната во второлигашкото друштво ја заврши на петтата позиција, со 25 бода помалку од местата кои водеа во Прва лига.