Охрид се засили со Димитриј Димитриевски

Фудбалскиот клуб Охрид го промовира новото засилување за крилните позиции. 

Потпис на договор стави Димитриј Димитриевски кој доаѓа од редовите на Брегалница чиј член беше од 2022 година. Левото крило потпиша договор со охриѓани за следната сезона во која ќе настапува во ВМФЛ. 

Кариерата на Димитриевски тргна преку Њу Старс, во 2021 година се пресели во Македонија Ѓорче Петров. По една полусезона следуваше трансфер во Брегалница, клуб со кој запиша 43 настапи во ПМФЛ.