• Горан Упале

Македонскиот фудбалски второлигаш Охрид, се пофали со новата опрема со која фудбалерите ќе настапуваат во следните две години.
Охриѓани ќе бидат облечени во дресови на шпанската компанија за спортска опрема „Хома“, која располага со широк асортиман на производи кои клубот ќе ги има на располагање.
„ГФК Охрид Лихнидос во наредните две години ќе настапува во опрема на реномираниот шпански бренд Хoma. Колекцијата Joma вклучува широк асортиман на производи со кои ГФК Охрид ќе располага во наредната сезона“, стои во објавата.
Охрид и оваа сезона е стациониран на средината од табелата во ВМФЛ и по дваесет одиграни кола е на шестата позиција со 31 бод.