• Иван Димовски

Есенскиот првак во ВМФЛ, Охрид покажа дека не се шегува во намерите да се избори за прволигашки статус.
Крај Охридското езеро се пофалија со две засилувања кои доаѓаат директно од ПМФЛ. Нови членови на Охрид се дефанзивецот Дарко Илиески и крилниот фудбалер Абдулхади Јахја.
Илиески настапува на стоперските позиции и крај езерото доаѓа по полусезоната во Тиквеш. Во својата кариера има околу 200 натапи во ПМФЛ и се очекува да биде од голема помош во Охрид. Илиески настапуваше за Победа, ерменски Ширак, Борец, Шкупи, Пелистер, словенечки Копер, Струга, Шкупи Истиклол од Таџикистан и Билис од Албанија.
Од друга страна, засилување за крилните позиции е Абдулхади Јахја. 26-годишникот доаѓа во Охрид од Башкими, а и тој има завидни 150 настапи во ПМФЛ. Во кариерата Јахја беше дел од Еуромилк Горно Лисиче, Вардар, Шкупи, Струга, Воска Спорт и Башкими.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


