ВИДЕО: Охрид продолжи во победнички ритам, рутина за Караорман во Гевгелија

Седмото коло во Втората фудбалска лига беше заокружено со денешните два меча. Охрид запиша домашен триумф над Детонит Плачковица (2-0), а Караорман рутински славеше на гостувањето кај Кожув (0-2).

Охриѓани си ја завршија работата уште во првиот дел. Постигнаа два гола и си ја отворија вратата кон нови бодови. Ова беше втора победа во низа за тимот покрај езерото, која му овозможи скок на седмата позиција на табелата. Стрелци на головите беа Мартин Нически и Александар Ѓорѓиески.

  • Охрид - Детонит Плачковица 2-0: 

Тимот на Караорман со два погодоци во вториот дел освои цел плен на гости кај Кожуф (0-2). Стрелец на првиот гол на оваа средба беше Сашо Шопоски во 58. минута. Неговиот удар од далечина донесе отворање на резултатот, а точка на дуелот стави домашниот тим, кој си постигна автогол. Неколку минути подоцна гевгеличани промашија пенал и пропуштија шанса да ја вратат неизвесноста.

  • Кожуф - Караорман 0-2: 

Второлигашките возбудувања продолжуваат в недела, кога се играат сите натпревари од осмото коло.