Охрид претстави големо засилување, потпиша со Валентин Кочоски

Екипата на Охрид Лихнидос го претстави своето ново засилување. На „Билјанини Извори“ пристигна искусниот Валентин Кочоски.

29-годишниот офанзивен играч за врска зад себе има богато искуство на македонската прволигашка сцена, со над 180 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, настапувајќи за екипите на Академија Пандев ,Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Воска Спорт и Силекс.

Во својата кариера има постигнато и значителен број голови и асистенции, а беше дел и од шампионската генерација на Струга Трим Лум. 

Кочоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија и фудбалер кој со своето искуство, квалитет и професионален однос ќе претставува големо засилување за Охрид во новата сезона со ВМФЛ.