• Зоран Мишевски
По завршувањето на есенската полусезона веќе почнаа првите „резови“ на второлигашките клубови. Иако убедливо победи на домашен терен. Охрид Лихнидос остана без претседател.
Данчо Целески својата оставка ја најавил уште во текот на септемвриската репрезентативна пауза, а денес ја активирал.
„Претседателот ја активира оставката која што ја најави лично до Градоначникот на Охрид во текот на репрезентативните паузи во септември, а и уште еднаш во октомври. Истата треба да се потврди од управниот одбор и од градоначалникот на Охрид. Детални информации ќе бидат објавени во наредните денови“, се вели во краткото соопштение на Охрид.
Охрид Лихнидос денес го совлада Борец со 4-1 и ќе преземи на седмото место со 24 бода.