• Зоран Мишевски
Второлигашите Охрид и Победа одиграа контролен натпревар вчера попладне на „Билјанини извори“ во Охрид. Домаќинот извојува победа од 2-1, а свои шанси имаа и прилепчани.
Домашната екипа успеа да постигне два гола преку Стефан Џајкоски и Алтин Лога во само неколку минути. Меѓутоа, во второто полувреме 17-годишниот Салим Арифи при првиот контакт со топката биеше неодбранливо во аголот за 2-1.
Следниот тест за Победа е в сабота, со Беласица во Струмица.
Новата сезона во Втората фудбалска лига почнува на 10 август, а ждрепката за сеозната е в понеделник на 5 август.