• Мартин Танасковски

Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), екипата на ГФК Охрид, одигра доминантно и славеше со високи 10-0 против прилепска Победа која се бори за опстанок во второлигашкото друштво.
Прилепчани имаат проблеми со ростерот, па овој резултат донекаде е и очекуван, ако се земе предвид разликата меѓу двата тима која постои на хартија. За „рибарите“ на овој натпревар Давид Матески даде четири гола, а по двапати погодија Абдулхади Јахја, Наумче Бакрачески и Игор Јаневски.
Триумф забележа и Скопје кој на домашен терен со 2-0 го доби ГФК Осогово. Двата погодока за „пиратите“ беа дело на Горјан Цветков.
Брегалница Штип се врати во колосек и освои три бода на гостувањето кај Новаци (3-1).
Идентично беше и со Беласица која на гостувањето кај Детонит Плачковица во Радовиш славеше со минимални 1-0.
Кожуф дојде до триумф над Преспа со 3-1, со головите на Томица Петров, Петар Гугуљанов и Давид Ивановски.
Тетекс на гостувањето кај Слога Виница постигна три гола (3-0), а беа дело на Јамини Азиз, Меритон Салији и Давид Ристов кој си даде автогол.
Дуелот меѓу Саса и Вардар Неготино во Македонска Каменица заврши со победа од 1-0 на домашните.
ГФК Охрид е лидер на табелата со 43 бода, зад него е Скопје со 41 бод. Следи Шкендија Арачиново со 39 бода но и меч помалку, четвртопласирана е Брегалница со 37 бода.










