Охрид единствен оштетен, судиите на нивото на остантите дуели во ВМФЛ

Судиската комисија која работи во склоп на ФФМ, анализира спорни моменти од натпреварите во четвртата рунда на Втората македонска фудбалска лига. 

По прегледувањето на ситуациите, утврдена е една погрешна одлука. Судијата Александар Василевски и неговите помошници Нeдевски и Здравев, погрешно проценија офсајд позиција и му поништија погодок на Охрид во дуелот со Вардар Неготино во 30. минута од натпреварот. На оваа средба се разгледа и уште една ситуација. Судиите исправно досудија пенал за охриѓани, меѓутоа не му покажаа црвен картон на гостинскиот фудбалер. 

Комисијата ги анализира и ситуации од натпреварот меѓу Башкими со Беласица, каде што добро е проценет црвен картон за домаќините, како и ситуација од дуелот на Скопје и Караорман во која правилно не е досуден пенал за „пиратите“. 

Целосната судиска анализа можете да ја прочитате на ОВОЈ линк.