• Саше Љолес

Фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос го претстави најновото засилување, а тоа е искусниот десен бек Горан Силјановски.
Силјановски зад себе има богата и успешна кариера, со над 400 сениорски настапи, од кои повеќе од 300 натпревари во Првата македонска фудбалска лига.
Во својата кариера настапуваше за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница, Беса, како и за албанските Фљамуртари и Динамо Тирана. Исто така е поранешен македонски репрезентативец со настапи за сениорската репрезентација.
Освојувач е на титулата шампион на Македонија, како и три трофеи во Купот, што го прави едно од најискусните имиња во домашниот фудбал.




