• Сашо Поповски

Поразот на Тотенхем кај Брајтон донесе тешка повреда за Хуго Лорис, кој незгодно падна на левата рака и веднаш на носилки беше изнесен од теренот.
Како да не беа доволни проблемите на Маурицио Почетино, па сега и францускиот голман доживеа повреда. На голема среќа, тој нема скршеница и ќе прави помала пауза од предвиденото.
Се очекува првиот голман на Тотенхем да отсуствува два месеци, поради дислокација на лактот на раката.
По дебаклот во Лигата на шампионите, тимот од Лондон доживеа нов срамен пораз и ја потврди лошата форма.