Огромно признание: Велкоски е најдобар фудбалер на Сараево во последната декада

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски доби огромно признание од навивачите на фудбалскиот клуб Сараево.

Како и на сите страни во светот, босанскиот гигант направи пресек на последните десет години, а токму 31-годишникот со потекло од Вевчани беше избран за најдобар фудбалер во последната декада.

Нашиот интернационалец беше доста успешен во периодот од 2010 до 2019 година. Освои четири шампионски трофеи во домашното првенство.

Одигра 173 натпревари и постигна повеќе голови од сите останати соиграчи (53). За да нема никаква дилема околу изборот, тука се и асистенциите (36), статистички податок со кој Велкоски е неприкосновен на врвот.

Кариерата на голгетерот започна Работнички од каде подоцна ги бранеше боите на Металург. Во Босна и Херцеговина се пресели во 2014 година и остана три сезони. По двегодишната авантура во Азија, репрезентативецот на Македонија одново се врати во Сараево и продолжи да ја продлабочува својата легенда.