• Саше Љолес
Огромните поплави што ја зафатија Шпанија доведоа до откажување на многу настани, меѓу кои и фудбалскиот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра на втори ноември.
Градските власти прогласија тридневна жалост за загинатите, што автоматски значи дека мечот од 12. коло во Примера ќе се одигра во друг термин. „Лилјаците“ во моментов се во катастрофална ситуација и го држат „фенерот“ на табелата, па оваа пауза можеби ќе дојде добро за играчите кои треба да се соочат со актуелниот шпански и европски шампион.
Досега во поплавите низ Шпанија загинаа над 80 лица, а спасувачките екипи трагаат по стотици исчезнати. Улиците на Валенсија изгледаат пост-апокалиптично, а жителите на сите можни начини се обидуваат да им помогнат на спасувачите во нивната мисија.