ВИДЕО: Огромна суспензија за голманот-тепач на Сарагоса!

Голманот на Сарагоса, Естебан Андрада, официјално доби суспензија од дванаесет натпревари поради инцидентот во втората шпанска лига, откако со тупаница удри еден противнички играч. 

Инцидентот се случи на крајот од натпреварот против Хуеска (1-0), кога Андрада најпрво го собори дефанзивецот Хорхе Пулида и доби втор жолт картон, а потоа се затрча и дополнително го удри противникот, што предизвика општа тепачка на теренот. 

Покрај долгата суспензија, Андрада доби и парична казна во висина од 9.000 евра. Не помогна ниту неговото извинување после натпреварот. Казна од четири натпревари неиграње доби и голманот на Хуеска, Дани Хименес.