Огромен удар за Аморим: Заврши сезоната за најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед и под водство на Рубен Аморим не ги остварува очекуваните резултати. „Ѓаволите“ не можат да се снајдат во филозофијата на португалскиот стратег и неговата формација „5-2-3“, а само еден фудбалер блесна и за краток период стана најважна алка во тимот. 

Амад Диало е убедливо најдобриот фудбалер на Јунајтед оваа сезона. Младиот офанзивец од Брегот на Слоновата Коска сезонава постигна неколку клучни голови за победа, а со неговата брзина и дриблинзи е најголема закана за противниците. Но, во пресрет на дербито со Тотенхем, фановите на Јунајтед и Аморим добија непосакувана вест поврзана со некогашниот талент на Аталанта. Диало се повреди на еден од последните тренинзи и за него најверојатно сезоната е завршена. Првичните резултати не се оптимистички и се шпекулира дека младиот ас наскоро ќе мора да замине на операција. 

Дополнително, Мануел Угарте, Тоби Колиер и Коби Мејну се под знак прашалник за дербито со Тотнем, а Алтај Бајиндир, Џони Еванс, Лисандро Мартинез, Лук Шо и Мејсон Маунт се повредени. Поради тоа Аморим беше приморан да повика неколку фудбалери од младинскиот погон, па за Лондон отпатуваа Илај Харисон, Хари Амас, Секу Коне, Џек Мурхаус и Чидо Оби.