• Саше Љолес
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дека досега се продадени повеќе од еден милион влезни билети за натпреварите од Светското првенство кое ќе се одржи следната година.
Најголема побарувачка имало од Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а билети купиле навивачи од дури 212 држави, иако сѐ уште не се познати сите земји-учеснички на Мундијалот.
ФИФА соопшти дека првите 10 земји по број на купени билети се Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција.
Интересот е огромен, и покрај фактот што до почетокот на Светското првенство има скоро седум месеци. Од ФИФА соопштија дека очекуваат продажбата и интересот за овој Мундијал да ги надмине сите претходни планетарни собири.