Огромен гест од Ајакс, Душан Тадиќ доби уникатна понуда

Душан Тадиќ е еден од модерните херои на Ајакс. Српскиот офанзивец е најдобар играч на клубот од Амстердам, пред неколку сезони беше главен во походот до полуфиналето на Лигата на шампионите и разбирливо, ужива огромна доверба од сите. 

Според неговата последна изјава, Тадиќ е единствен активен играч на Ајакс кој добил интересна понуда. Имено, клубот му понудил да остане во Амстердам до крајот на играчката кариера, а потоа веднаш да се зафати со тренерскиот занает. 

„Постои желба и единствен играч сум кому му понудија договор за веднаш по крајот на фудбалската кариера, да останам тука и да започнам со тренерска работа. Тоа е огромно почитување и благодарен сум на Ајакс. 

Што се однесува до тренерскиот занает, тука како да си на најдобриот факултет на светот. Тоа што можеш да го научиш за фудбалот во Амстердам, не можеш никаде“, кажа Тадиќ. 

Ајакс е познат по тоа дека ги почитува своите легенди. Во младинските тимови веќе работат Едвин Ван Дер Сар, Марк Оверманс, браќата Де Бур... Поради тоа не треба да биде чудно дека ја имаат можеби најдобрата академија на светот, бидејќи младите учат и се мотивираат од своите идоли, а еден од нив би можел да стане и Тадиќ.